Свет СЗО

Вакцинирани се четвртина од децата во Газа против детска парализа

СЗО изјави дека најмалку 90 отсто од децата во Газа треба да се вакцинираат за кампањата да биде успешна и да се спречи ширењето на полио во Газа и пошироко. 

Вакцинирани се четвртина од децата во Газа против детска парализа

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека вакцинирала околу четвртина од децата под 10 години против детска парализа и ги надминала своите поставени цели за вакцинација во Газа денеска, третиот ден од масовната кампања.

Кампањата за вакцинација беше забрзана по откривањето на првиот случај на детска парализа во Газа минатиот месец, а се потпира на дневните осумчасовни паузи во борбите меѓу Израел и милитантите на Хамас во одредени области на опколената енклава.

Рик Пиперкорн, претставник на СЗО за окупираните палестински територии, изјави за новинарите дека повеќе од 161.000 деца под 10-годишна возраст биле вакцинирани во централното подрачје во првите два дена од кампањата, со што е надмината поставената цел од околу 150.000 деца за два дена.

„Засега оди добро. Овие хуманитарни паузи засега функционираат. Имаме уште 10 дена. Медицинските тимови ќе се упатат кон јужниот дел на Газа кон крајот на оваа недела. Тие имаат намера да стигнат до приближно 340.000 деца таму, а потоа да се движат кон северна Газа, рече Пиперкорн.

Тој исто така рече дека се верува дека некои деца во јужниот дел на Газа се надвор од договорената зона на пауза и дека преговорите продолжуваат за да се овозможи доаѓање до нив.

СЗО изјави дека најмалку 90 отсто од децата во Газа треба да се вакцинираат за кампањата да биде успешна и да се спречи ширењето на полио во Газа и пошироко.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top