Маж нападнал жена во стан со моторна пила, а потоа застрелал двајца полицајци во полициска станица во Париз.
Повредените полицајци се пренесени во болница во тешка состојба, која кај еден останала критична и по лекарската интервенција, изјави полициски извор. Тешко ранет е и напаѓачот, кој бил погоден со истрел како одговор на неговото пукање.
Инцидентот се случил нешто пред 22:30 часот во дел од 13-та област.
Напаѓачот го земал оружјето од полицаецот и почнал да пука. Тој е приведен за семејно насилство.
Мажот, чие име не се споменува, е уапсен поради „екстремна суровост“, изјави шефот на париската полиција Лоран Нунез.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, но тој го украде оружјето од полицаец и тешко повреди двајца полицајци“, рече Нунез.
Париското обвинителство соопшти дека отворило три истраги против напаѓачот – за обид за убиство на жена, за обид за убиство на службени лицаи за намерно насилство со оружје врз службено лице. (МИА)