Свет УНИЦЕФ

УЖАС: Во Газа загинаа повеќе од 13.000 деца, преживеаните – гладуваат

Расел рече дека има „многу големи бирократски предизвици“ за добивање помош за Појасот Газа со камиони.

УЖАС: Во Газа загинаа повеќе од 13.000 деца, преживеаните – гладуваат

Повеќе од 13.000 деца досега загинаа во израелската офанзива во Појасот Газа, соопшти УНИЦЕФ, дополнувајќи дека многумина страдаат од тешка неухранетост.

-Илјадници од нив се повредени и не можеме ни да утврди, ме каде се. Тие можеби се под урнатините… Не сме виделе вакви стапки на смртност кај деца во речиси ниеден друг конфликт во светот, изјави синоќа извршната директорка на УНИЦЕФ Кетрин Расел за емисијата „Face the Nation“ на Си-Би-Ес.

-Бев на одделенијата за деца кои боледуваат од тешка анемија поради неухранетост, целото одделение е апсолутно тивко. Затоа што децата, новороденчињата… немаат сила ни да плачат, раскажува таа.

Расел рече дека има „многу големи бирократски предизвици“ за добивање помош за Појасот Газа со камиони.

Секое трето дете на возраст под две години во северниот дел на Појасот Газа сега е акутно неухрането и изложено на ризик од глад, предупреди во саботата главната агенција на ОН во Појасот Газа, УНРВА. (МИА)

To top