Владејачката унгарска партија ФИДЕС на 26 февруари во Парламентот да гласа за ратификација на членството на Шведска во НАТО, а партијата ќе го поддржи, објави денеска на Фејсбук претседателот на парламентарната група ФИДЕС, Мате Кочис.
По долго одложување, Унгарија ќе биде последната земја-членка што ќе го одобри приемот на оваа нордиска земја во НАТО.
Шведскиот министер за одбрана Пол Јонсон денеска изјави дека ја поздравува веста дека унгарскиот Парламент следната недела ќе гласа за членството на неговата земја во Алијансата.