Свет

Умеров: Украина ќе ги поддржи двата договора за прекин на огнот со Русија

Киев ќе ги поддржи двата договора за прекин на огнот со Русија што ги објави Белата куќа, изјави министерот за одбрана на Украина, Рустем Умеров.

Тој наведе дека Украина ја поздравува идејата трета страна да го следи спроведувањето на договорите за прекин на огнот во Црно Море и да не се напаѓа енергетската инфраструктура.

Умеров на Икс објави дека Украина секое движење на руски бродови надвор од источниот дел на Црно Море ќе го смета како кршење на духот на договорите и оти во таков случај ќе има право на самоодбрана.

Претходно, Белата куќа соопшти дека САД постигнале договор со Украина и Русија да се обезбеди безбедно поморство во Црно Море и да стапи во сила забраната за напади врз енергетската инфраструктура во двете земји.

To top