Свет

Украина не планира да го обнови договорот со Русија за транзитен пренос на природен гас преку нејзина територија

Украина не планира да го обнови договорот со Русија за транзитен пренос на природен гас преку нејзина територија, откако ќе му истече важноста на крајот на годината. Ова денеска го соопшти украинскиот премиер Денис Шмигал, кој во Ужхород во западниот дел на Украина се сретна со словачкиот премиер Роберт Фицо.

Шмигал го определи како стратешка цел намалувањето на приходите кои Москва го добива од продажбата на природен гас и нафта. „Ова ќе ја ограничи способноста на Русија да ги финансира своите воени операции во Украина“, изјави украинскиот премиер.

Од своја страна, Фицо рече дека за време на неговите разговори со претставници на украинската влада било потврдено дека Киев ја задржува својата желба да продолжи да ја користи својата транзитна мрежа за трансфер на природен гас и нафта, како што е наведено во договорот со Русија. „Ова е многу важна вест за сите нас“, истакна словачкиот премиер.

И покрај воената инвазија на Русија во Украина, транзитот на руски природен гас низ територијата на земјата продолжува. Некои земји од Европската унија и понатаму продолжуваат да купуваат „сино гориво“ од Русија, јави ДПА.

To top