Свет

Украина бара членство во НАТО пред заминувањето на Бајден од Белата куќа

Украина бара покана за членство во НАТО пред Џо Бајден да ја напушти Белата куќа, изјави висока украинска дипломатка, додавајќи дека тоа би било соодветно наследство за американскиот претседател.

– Нашата идеја е дека поканата за Украина во овој момент е политички сигнал, изјави за Ројтерс Наталија Галибаренко, амбасадорка на Киев при НАТО, пренесува Хина. – Искрено веруваме дека ова може да биде дел од наследството на (актуелната) американската администрација, рече таа во интервјуто во украинската мисија во НАТО, спроти седиштето на алијансата во Брисел.

Американските претседателски избори следниот месец создаваат голема неизвесност за Украина, бидејќи Вашингтон е најголемиот снабдувач на воена помош за Киев во војната со Русија. Демократската кандидатка Камала Харис сигнализираше поддршка за Украина, но не ја прецизираше нејзината рамка, додека Доналд Трамп не ја откри својата стратегија.

Членството во НАТО би ја вклучило Украина во договорот за заедничка одбрана на Алијансата, но процесот на пристапување може да трае со години. НАТО најави дека Украина ќе се приклучи, но не даде временска рамка.

To top