Свет блиски исток

Турција, Египет и Саудиска Арабија предлагаат конзорциум за управување со Ормуската Теснина

Се разгледува и можноста Турција, Египет и Саудиска Арабија да формираат меѓународен конзорциум кој би управувал со пловидбата низ овој клучен воден пат, во кој би бил вклучен и Пакистан.

Турција, Египет и Саудиска Арабија предлагаат конзорциум за управување со Ормуската Теснина

Пакистан денеска е домаќин на министрите за надворешни работи на Турција, Египет и Саудиска Арабија, во рамки на напорите за посредување во војната меѓу Иран, САД и Израел, со фокус на повторното отворање на стратешката Ормуска Теснина за поморски сообраќај.

Според дипломатски извори, на Вашингтон му биле претставени предлози за стабилизирање на протокот на нафта. Еден од моделите, предложен од Египет, вклучува наплата на такси слични на оние во Суецкиот Канал. Се разгледува и можноста Турција, Египет и Саудиска Арабија да формираат меѓународен конзорциум кој би управувал со пловидбата низ овој клучен воден пат, во кој би бил вклучен и Пакистан.

Турскиот министер за надворешни работи истакна дека приоритет на Анкара е итен прекин на огнот, додека шефот на пакистанската дипломатија Ишак Дар објави дека Иран веќе се согласил да дозволи премин низ Ормуската Теснина за дополнителни 20 бродови под пакистанско знаме. Пакистан, кој дели 900 километри граница со Иран, се позиционира како клучен посредник откако регионалниот конфликт ескалираше со нападите во кои досега загинаа над 1.340 лица.

To top