Свет Бојкот

Турскиот Парламент најави бојкот на производите на компаниите кои го поддржуваат Израел

Во соопштението објавено од претседателството на Големото национално собрание на Турција се вели дека Парламентот одлучил да ја поддржи „општествената чувствителност кон бојкот на производите и стоките на компаниите кои отворено ја декларираат својата поддршка за воените злосторства на Израел, кој убива невини луѓе во Газа“.

Турскиот Парламент најави бојкот на производите на компаниите кои го поддржуваат Израел

Рестораните во комплексот на турскиот Парламент нема да нудат производи од компании кои го поддржуваат Израел, јави турскиот весник „Созџу“.

Инструкциите за бојкот ги даде претседателот на Меџлисот, Нуман Куртулмуш.

Во соопштението објавено од претседателството на Големото национално собрание на Турција се вели дека Парламентот одлучил да ја поддржи „општествената чувствителност кон бојкот на производите и стоките на компаниите кои отворено ја декларираат својата поддршка за воените злосторства на Израел, кој убива невини луѓе во Газа“.

Како што се истакнува, по налог на претседателот на Собранието Куртулмуш, производите на ваквите компании нема да се продаваат во рестораните, кафулињата и чајџилниците во комплексот на Собранието.

Во соопштението на претседателот на Меџлисот не се прецизира точно кои компании ќе бидат бојкотирани. Собраниски извор изјави за Ројтерс дека пијалоците од Кока-Кола и инстант кафето Нестле засега се единствените брендови кои се отстранети од менито, пренесува БТА.

„Кабинетот на претседателот на Парламентот не остана рамнодушен на јавното незадоволство и одлучи да ги отстрани производите на овие компании од менито на кафулињата и рестораните во Собранието“, вели изворот.

Двете компании беа спомнати во објавите на социјалните мрежи од турски активисти кои повикуваат на бојкот на израелската стока и западните компании кои го поддржуваат Израел.

Турската влада силно го критикуваше израелското бомбардирање на Газа и поддршката на Западот за Израел.  (МИА)

Теми на денот

To top