Свет тримесечната војна во Газа „се движи кон нешто пошироко“

Турскиот министер за надворешни работи: Настаните на Блискиот Исток навестуваат ескалација во регионот

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан денеска изјави дека актуелните настани на Блискиот Исток укажуваат дека тримесечната војна во Газа „се движи кон нешто пошироко“.

Турскиот министер за надворешни работи: Настаните на Блискиот Исток навестуваат ескалација во регионот

– Она што се случи во Црвеното Море, Сирија и Ирак навестува дека спиралата на војната во Газа постепено ќе се претвори во постојано растечки вител, рече Фидан на прес-конференција во Акара по средбата со неговиот хрватски колега Гордан Грлиќ-Радман.

Фидан го повтори ставот на Турција по ова прашање – дека не може да има траен мир во регионот без еднаква безбедност и суверенитет на Палестинците, јавува Анадолија.

Најмалку 24.285 Палестинци се убиени во Газа во бомбардирање и копнена офанзива од страна на Израел започната по нападот на Хамас на југот на земјата во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, главно цивили.

Теми на денот

To top