Свет

Трамп повтори дека „постои многу добра шанса за договор со Иран“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД „долго време преговараат со Иран, и овој пат, тие мислат сериозно“.

Трамп повтори дека „постои многу добра шанса за договор со Иран“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД „долго време преговараат со Иран, и овој пат, тие мислат сериозно“.

– Тоа е единствено поради одличната работа што ја заврши нашата војска – рекол Трамп во изјава за време на настан во Тенеси, пренесе „Тајмс оф Израел“.

– Се надевам дека договор е можен, но без разлика на сè, ќе се осигураме дека Иран никогаш нема да добие нуклеарно оружје – рече Трамп.

– Сега, Иран има уште една можност да им стави крај на заканите кон Америка и нашите сојузници, и се надеваме дека ќе ја искористат. Во секој случај, Америка и целиот свет наскоро ќе бидат многу побезбедни и ќе има многу посигурна планета – додаде тој.

Трамп повтори дека „разговорите со Иран одат многу добро“.

– Тие сакаат мир. Се согласуваат дека нема да имаат нуклеарно оружје, итн., итн., но ќе видиме … Би рекол дека постои многу добра шанса за договор – рече Трамп.

Тој инсистира дека договорот за кој се разговара со Иран ќе биде корисен за сојузниците на САД на Блискиот Исток, вклучувајќи го и Израел, кој „беше одличен партнер во оваа борба“.

– Даваме рок од пет дена, а потоа ќе видиме каде ќе нè однесе тоа … Мислам дека многу лесно би можело да излезе многу добар договор за сите — исто толку добар како кога би оделе до крај и буквално би го збришале местото – рече Трамп.

To top