Свет Зеленски го покани Трамп да ја посети Украина

Трамп: Не би било соодветно да ја посетам Украина кога не сум на функција

По поканата упатена што украинскиот претседател Володомир Зеленски му ја упати на Доналд Трамп, републиканскиот претседателски кандидат смета дека сега кога не е на функција, не би било соодветно да ја посети Украина.

Трамп: Не би било соодветно да ја посетам Украина кога не сум на функција

Во интервју за медиумската куќа „Аксел Спрингер“, Зеленски во вторникот го покани Трамп да ја посети Украина, наведувајќи дека тоа ќе биде можност да се слушнат идеите на поранешниот американски претседател за можниот начин да се стави крај на војната со Русија, пренесуваат британските медиуми.

Кампањата на Трамп денеска потврди дека немало формален контакт меѓу Зеленски и поранешниот американски претседател.

„Немаше никаков контакт со Зеленски, но претседателот Трамп јавно кажа дека не би било соодветно тој да ја посети Украина сега кога не е врховен командант на американската војска“, се наведува во електронската порака од кампањата на Трамп.

Кандидатите за претседател на САД често патуваат во странство за да ја постават сцената за нивната надворешна политика. Поранешни републикански кандидати кои во меѓувреме се откажаа од својата кандидатура, како, на пример, поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс и поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи, ја посетија Украина за време на нивната активна кампања за републиканска претседателска номинација.

To top