Ќе и помогнеме на нашата земја да заздрави, изјави денеска републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.
Тој во моментов им се обраќа на своите поддржувачи во Палм Бич на кои им вети дека „ќе ги поправи границите“, додавајќи дека тој и неговата партија испишале историја со причина.
-Ова беше најголемото и најдоброто политичко движење во оваа држава и сега ќе достигне ново ниво. Ќе порасне и ќе и помогне да државата да заздрави. Имаме држава на која и треба помош, ќе ги поправиме границите, ќе поправиме се’. Направивме историја со причина вечерва. Политичка победа која нашата државата не ја видела досега. Им благодарам на луѓето што гласаа избирајќи го новиот претседател, изјави Трамп
Врз основа на тековните проекции на Си-Ен-Ен, поранешниот претседател Доналд Трамп има 266 електорски гласови, а Харис има 188 електорски гласови. Тоа значи дека Трамп треба да добие само уште четири електорски гласови за да ја освои претседателската функција