Свет САД

Трамп: Маск не ме информираше дека ќе донира 45 милиони долари за кампањата

Претходно оваа недела, Маск го негираше извештајот на „Вол стрит журнал“ дека донирал 45 милиони долари за кампањата на Трамп. 

Трамп: Маск не ме информираше дека ќе донира 45 милиони долари за кампањата

Републиканскиот кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека милијардерот и извршен директор на „Тесла“, Илон Маск, никогаш не му кажал дека планира да донира 45 милиони долари за неговата кампања, додавајќи дека не се согласува со ниту еден од предлозите на Маск за електричните автомобили.

„Не се согласувам со политиката на електрични автомобили за сите. Сакате да имате избор, а тоа вклучува избор на автомобил што сакате да го возите“, рече Трамп.

Претходно оваа недела, Маск го негираше извештајот на „Вол стрит журнал“ дека донирал 45 милиони долари за кампањата на Трамп. (МИА)

To top