Свет

Трамп: Ќе морате сами да откриете каква помош е на пат за Иран

Одговарајќи на прашањето за својата изјава дека „помошта е на пат за Иран“, американскиот претседател Доналд Трамп денеска рече дека луѓето ќе мораат сами да дознаат за што станува збор.

– Ќе морате сами да откриете. Жалам, рече Трамп.

Американскиот претседател претходно им порача на демонстрантите во Иран да продолжат да протестираат, како и дека помошта е на пат.

– Ирански патриоти, продолжете да протестирате – преземете ја власта над вашите институции. Запомнете ги имињата на убијците и насилниците. Ќе платат висока цена. Ги откажав сите состаноци со иранските официјални лица додека не запре бесмисленото убивање на демонстрантите. Помошта пристигнува. MIGA (Make Iran great again, Направете го Иран повторно голем), објави тој на својата мрежа Truth Social.

Претходно денеска, два неименувани извори од американското Министерство за одбрана рекоа дека Трамп е запознаен со широк спектар на воени и тајни опции кои би можеле да бидат применети против Иран, вклучувајќи и мерки кои надминуваат конвенционални воздушни напади.

Според наводите на повеќе извори запознаени со ситуацијата, тимот за национална безбедност на Трамп денеска ќе одржи состанок во Белата куќа за да ги разгледа ажурираните опции кон Иран, но не е познато дали претседателот на САД лично ќе присуствува на состанокот.

To top