Свет Итна ревизија

Трамп ќе ја затвори базата на НАТО во Грција

Затворањето е во интерес и на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, кој базата во Александрополис ја смета за закана на турскиот монопол над Босфор. 

Трамп ќе ја затвори базата на НАТО во Грција

Американската Влада нареди итна ревизија на базата на НАТО во Александрополис, Грција, преку која и беше доставена воена помош за Украина, јавија руски медиуми, пренесува РТС.

Базата се наоѓа во Тракија, на егејскиот брег, во близина на Црното Море, а САД и НАТО ја користеа за транспорт на силите во Источна Европа. Базата била користена и од администрацијата на поранешниот претседател на САД, Џо Бајден како транзитна точка за испорака на американска помош, вклучително и воена, за Украина.

Откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп најави дека не планира да ја продолжи помошта за Украина, посебно по преговорите во Ријад помеѓу САД и Русија, НАТО базата во Александрополис може да стане непотребна.

Претседателот на Русија, Владимир Путин повеќе пати бараше затворање на базата во Александрополис.

Затворањето е во интерес и на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, кој базата во Александрополис ја смета за закана на турскиот монопол над Босфор.  (МИА)

To top