Свет

Трамп: Иран им даде на САД подарок вреден „тон пари“, поврзан со нафтата, гасот и Ормуз

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран му дал „подарок“ вреден „огромна сума пари“ поврзан со Ормуската Теснина и прашањата за нафтата и гасот.

Трамп: Иран им даде на САД подарок вреден „тон пари“, поврзан со нафтата, гасот и Ормуз

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран му дал „подарок“ вреден „огромна сума пари“ поврзан со Ормуската Теснина и прашањата за нафтата и гасот.

На новинарско прашање во Овалната соба зошто им верува на Иранците, тој прво инсистираше на тоа дека не му верува никому, пред да открие: „Тие вчера направија нешто што беше неверојатно — ни дадоа подарок … кој пристигна денеска“.

– Тоа беше многу голем подарок вреден огромна сума пари, и нема да ви кажам што е тој подарок, но тоа беше многу значајна награда – рече Трамп.

– Ни го дадоа и рекоа дека ќе го дадат. Тоа за мене значеше една работа: (дека) работиме со вистинските луѓе … Тие се единствените (кои) можеа да го направат тоа – изјави Трамп, пренесе Тајмс оф Израел.

– Не беше поврзано со нуклеарната енергија, туку со нафтата и гасот – додаде тој кога беше притиснат да ја разјасни природата на подарокот.

На прашањето дали подарокот е поврзан со Ормуската Теснина, Трамп одговори: „Да“. На прашањето дали САД ќе го контролираат Ормуз по војната, Трамп рече: „Ќе имаме контрола врз сè што сакаме“.

– Мислам дека ќе ја завршиме (војната) – додаде тој.

Американскиот претседател се пошегувал дека кога им кажал на министерот за одбрана и на началникот на војската дека мисли оти војната со Иран наскоро ќе се реши, двајцата „биле вознемирени бидејќи сакале да продолжат да се борат“.

To top