Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го поздрави денеска постигнатиот договор помеѓу Израел и Хамас за ослободување на заложниците и за прекин на огнот во Појасот Газа.
– Имаме договор за заложниците во Блиски Исток. Тие ќе бидат ослободени наскоро. Ви благодариме!, објави Трамп на социјалната мрежа „Трут“ (Truth).
Договорот помеѓу Израел и Хамас е постигнат денеска во Доха.
Договорот за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците беше постигнат по состанокот на катарскиот премиер со преговарачите на Хамас и одделно со израелските преговарачи во неговата канцеларија, истакна неименуван претставник.