Свет

Трамп: Гренланд ни треба за националната безбедност, НАТО да преземе водечка улога во тој процес

Трамп нагласи дека Вашингтон нема да дозволи други сили да ја преземат иницијативата. „Ако ние не го сториме тоа, Русија или Кина ќе го сторат тоа, а тоа нема да се случи“, напиша тој со големи букви.

Трамп: Гренланд ни треба за националната безбедност, НАТО да преземе водечка улога во тој процес

„На САД им е потребен Гренланд од причини поврзани со националната безбедност. Тој е од клучно значење за „Златната купола“ што ја градиме, а НАТО треба да преземе водечка улога во тој процес“, рече американскиот претседател Доналд Трамп во објава на својата социјална мрежа „Тру соушал“.

Трамп нагласи дека Вашингтон нема да дозволи други сили да ја преземат иницијативата.

„Ако ние не го сториме тоа, Русија или Кина ќе го сторат тоа, а тоа нема да се случи“, напиша тој со големи букви.

Зборувајќи за воената димензија, Трамп истакна дека без огромната моќ на САД, која, вели тој, ја изградил во голема мера за време на својот прв мандат, а сега ја крева на уште повисоко ниво, НАТО не би бил ефикасна сила или сериозно средство за одвраќање.

„Тие го знаат тоа, но и јас го знам тоа. НАТО станува многу посилен и поефикасен со Гренланд во рацете на САД. Сè што е помалку од тоа е неприфатливо“, заклучи Трамп потпишувајќи ја пораката како „претседател DJT“.

To top