Свет САД

Трамп: Ако Камала биде избрана, Си ќе се однесува со неа „како со бебе“

-Тој многу брзо ќе и ги одземе сите бонбони. Таа нема да има претстава што и се случило. Тоа ќе биде како голем шаховски мајстор да си игра со почетник, рече Трамп.

Трамп: Ако Камала биде избрана, Си ќе се однесува со неа „како со бебе“

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат за нов претседател на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг ќе се однесува кон потпретседателката Камала Харис „како кон бебе“ доколку таа биде избрана во Белата куќа и дека тоа ќе наликува како „голем шаховски мајстор да си игра со почетник“.

-Ако Камала некако победи, ќе мора да се справи со Си Џинпинг, рече Трамп, говорејќи во радио емисија за кинескиот претседател, пренесуваат американските медиуми.

На прашањето на водителката, како кинескиот претседател би манипулирал со Харис, Трамп одговори „како со бебе“.

-Тој многу брзо ќе и ги одземе сите бонбони. Таа нема да има претстава што и се случило. Тоа ќе биде како голем шаховски мајстор да си игра со почетник, рече Трамп.

Трамп во кампањата за претседателските избори, шот се одржуваат на 5 ноември, употреби серија лични напади кон демократската кандидатка Камала Харис, нарекувајќи ја „бавна“ и „мрзлива“, збор што долго време се користи како расистички термин за понижување на црнците, па се до инсистирањето дека е „глупава личност“, дека има „низок“ коефициент на интелигенција и прашувајќи дали е „на некакви дроги“. (МИА)

To top