Свет нездрави производи

СЗО: Државите треба да го зголемат данокот за алкохолот и засладените пијалоци

По проучувањето на даночните стапки, СЗО наведе дека просечната глобална даночна стапка на таквите „нездрави производи“ е ниска.

СЗО: Државите треба да го зголемат данокот за алкохолот и засладените пијалоци

Државите треба да ги зголемат даноците за алкохол и за пијалоци засладени со шеќер, соопшти денеска Светската здравствена организација, нагласувајќи дека премалку држави користат данок за да поттикнат поздраво однесување.

По проучувањето на даночните стапки, СЗО наведе дека просечната глобална даночна стапка на таквите „нездрави производи“ е ниска.

-СЗО препорачува акцизата да важи за сите пијалоци засладени со шеќер (SSBs) и алкохолни пијалоци, се вели во соопштението.

Акцизите се насочени кон одредени стоки и услуги.

СЗО соопшти дека 2,6 милиони луѓе годишно умираат од прекумерно пиење алкохол, додека повеќе од осум милиони умираат од нездрава исхрана.

-Спроведувањето данок на алкохол и на пијалоци засладени со шеќер ќе ги намали овие смртни случаи. Тоа не само што ќе помогне да се намали употребата на овие производи, туку и ќе им даде поттик на компаниите да прават поздрави производи, се вели во извештајот.

Најнови вести од Свет

To top