Свет

Судот го одби Доналд Трамп да го одложи плаќањето по тужбата на писателката Е. Џин Керол за клевета од 83,3 милиони долари

Во пресудата од 26 јануари, поротниците се согласија со Керол дека Трамп ја наклеветил авторката и поранешна новинарка во јуни 2019 година, негирајќи дека ја злоставувал во 1990-тите во соблекувалната во луксузната продавница Бергдорф Гудман“ на Менхетен.

Судот го одби Доналд Трамп да го одложи плаќањето по тужбата на писателката Е. Џин Керол за клевета од 83,3 милиони долари

Судот во Њујорк го одби барањето на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп да го одложи извршувањето на казната за писателката Е.Џин Керол во износ од 83,3 милиони долари во случајот на клевета. Судската одлука ја донесе вчера окружниот судија во Њујорк, Луис Каплан на Менхетен кој му наложи на поранешниот претседател за три дена да плати или да објави обврзница за целата пресуда од 83,3 милиони долари.

Во пресудата од 26 јануари, поротниците се согласија со Керол дека Трамп ја наклеветил авторката и поранешна новинарка во јуни 2019 година, негирајќи дека ја злоставувал во 1990-тите во соблекувалната во луксузната продавница Бергдорф Гудман“ на Менхетен.

Каплан формално ја објави пресудата на 8 февруари и му даде на поранешниот американски претседател 30 дена да плати обврзница или готовина додека се чека пресудата по жалбата со која Трамп го оспорува ставот на поротата за неговата одговорност и висината на отштетата.

Трамп се обиде да го одложи извршувањето на казната додека судијата не донесе одлука за неговото барање да биде отфрлена.

Во обид да избегнат плаќање на голема гаранција, или воопшто било каква гаранција, адвокатите на Трамп го отфрлија тврдењето на Керол за постоење финансиски проблеми. Тие рекоа дека Керол е „целосно заштитена“ и дека гаранцијата од 24,5 милиони долари ќе биде повеќе од доволно за да се „обезбеди каков било минимален ризик“ за неа.

Финансиската состојба на Трамп се влоши минатиот месец кога судијата што го прогласи за одговорен во тужбата за граѓанска измама на државниот обвинител Летиција Џејмс на државата Њујорк, му нареди да плати 454,2 милиони долари.

Трамп понуди да објави обврзница од 100 милиони долари во случајот, но Џејмс рече дека секоја обврзница мора да ја покрие пресудата во целост.

Апелациониот судија на 28 февруари го отфрли барањето на Трамп да го запре извршувањето во очекување на жалба.

Запрашан пред неколку дена дали може да ја плати казната или да плати гаранција во двата случаи, Трамп изјави за Фокс њуз: „Имам многу пари. Можам да правам што сакам. …Не се грижам за парите“.

To top