Властите соопштија дека биле извршени 72 спасувања во најголемиот австралиски град Сиднеј, каде што дојде до опасни поплави во неколку ниски предградија.
На сила беа 15 наредби за итна евакуација низ целата држава, објавија службите за итни случаи, кои добиле 4.128 повици за помош во 24-часовен период.
„Водостојот на некои реки сè уште расте, особено во западниот дел на Сиднеј“, рече премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс на прес-конференција.
Југоисточна Австралија вчера ја зафатија поројни дождови, што предизвикаа предупредувања до жителите да избегнуваат непотребни патувања и да останат во затворени простории.