Свет постигнат договор за амнестија

Шпанските социјалисти ќе им дадат амнестија на каталонските сепаратисти во замена за поддршка за новата влада

Шпанската социјалистичката партија склучи договор со каталонската сепаратистичка партија за амнестија на илјадници луѓе вклучени во неуспешниот обид за отцепување на регионот, во замена за тие да го поддржат премиерот Педро Санчез за нов мандат.

Шпанските социјалисти ќе им дадат амнестија на каталонските сепаратисти во замена за поддршка за новата влада

Партискиот функционер од партијата на Санчез, Сантос Сердан, денеска информираше за договорот постигнаат со лидерот на партијата Карлос Пуџдемон, кој побегна во Белгија во 2017 година.

Договорот ги зголемува шансите на Санчез да формира уште една малцинска левичарска коалициска влада.

За конечен успех на Санчез му треба уште поддршката од малата баскиска партија.

Најнови вести од Свет

To top