Свет уапсени 20 лица од Балканот

Шпанската полиција заплени 7,5 тони кокаин

Шпанската полиција денеска соопшти дека запленила 7,5 тони кокаин од Јужна Америка во северозападното пристаниште Виго, кој бил скриен во замрзната туна која требало да биде дистрибуирана низ Европа.

Шпанската полиција заплени 7,5 тони кокаин

Во акцијата се уапсени и 20 лица кои припаѓаат на две организации од Балканот, што, како што се наведува, е „голем удар“ за една од најсилните дистрибутивни мрежи во Европа.

Од полицијата велат дека ова е најголема количина некогаш запленета во Галиција, атлантскиот регион на Шпанија што шверцерите го користеа со децении за да дистрибуираат дрога во Европа.

Шверцерската мрежа основала компанија за увоз и трговија на замрзната стока од различни делови на светот, како и за инвестирање во недвижности и ја користела како параван за шверц на дрога. За време на повеќемесечниот надзор на компанијата, шпанската полиција утврдила дека таа ја прикривала својата вмешаност во шверц на дрога испраќајќи голем број контејнери со ознаки на различни компании од целиот свет до други пристаништа на Пиринејскиот полуостров.

Полицијата запленила и 3,5 тони кокаин скриен во транспортни контејнери во пристаништето Валенсија.

Теми на денот

To top