Бројот на загинати од минатонеделните шокантни поплави во источниот регион на Валенсија моментално изнесува 213. Се стравува дека билансот ќе порасне „на стотици“ откако ќе завршат работите за отстранување на водата од огромните подземни паркиралишта.
Tensions rise in Valencia as King Felipe and Queen Letizia face frustration from residents amid devastating floods.
During their visit, locals, expressed anger, throwing mud and eggs at the royal couple.#DANA #Valencia #Spain #SpainFloods #KingFelipe
— Mr. Shaz (@Wh_So_Serious) November 3, 2024
Спасувачките тимови стравуваат дека ќе пронајдат масовни гробници полни со стотици тела кога ќе се испумпуваат од подземните паркиралишта во Валенсија.
Фотографиите во трговскиот центар Bonaire, во близина на Валенсија, покажуваат влезови на големи подземни структури целосно потопени во каллива кафеава вода. Нуркачките тимови беа распоредени во мракот и пронајдоа стотици возила кои чекаат да бидат претресени – потенцијално место да стане масовна гробница бидејќи луѓето кои брзаа да го напуштат паркингот бидејќи нивото на водата почна да расте и не можеа да избегаат навреме.
The princess Leonor mother's visit to the Valencian Community are already part of the history of 🇪🇸.
A visit full of tension, where we have seen kings who have stayed with the people despite the situation.#SpainFloods #SpainWeather #Floodies2024 #DaBears pic.twitter.com/4tPFw85M0w
— Princess Leonor (@LeonorTodos) November 4, 2024
„Најшокантната сцена е исчезнувањето на ескалаторите и тонењето во калливиот базен кој стана подземен паркинг во Bonaire. Матната вода сè уште е таму. Сигурно, наоколу лебдат десетици неупотребливи возила. Останува да се види дали има и жртви кои се заробени, бидејќи многумина се обиделе да си заминат земајќи ги возилата во обид да избегаат“, изјавил извор за Мирор.
Bonaire е еден од најголемите центри од ваков вид во земјата во Шпанија, со големина од 100 фудбалски игралишта со 123 продавници, 34 ресторани, куглана и кино.
Повеќе од 2.000 луѓе се уште се водат како исчезнати по поплавите, една од најтешките природни катастрофи што ја погодија Шпанија во последно време.
Вчера, шпанскиот крал Фелипе беше гаѓан со кал и нападнат од разгневена толпа кога го посети регионот на Валенсија. Непријателската толпа извикувала „убиец“ и „срам“ на кралот, кој бил прашан зошто ништо не е преземено за да се спречи трагедијата.
#SpainFlooding : Residents throw mud and insults at Spanish king on visit to flood-hit town
King Felipe heckled in #Paiporta, one of the municipalities worst affected by last week’s floods#Spain #Valencia #SpainFloods #ValenciaFloods pic.twitter.com/vSoHjH86nE
— Soundar C / சௌந்தர் செ (@soundarc2001) November 3, 2024