Свет доведена во прашање руската доминација во Црното Море

Шапс: Во изминатите четири месеци уништени 20 отсто од руската флота

Британскиот министер за одбрана Грант Шапс денеска изјави дека со нападите врз руската флота во Црно Море се покажува дека грешат оние кои веруваат дека има пауза во војната во Украина.

Шапс: Во изминатите четири месеци уништени 20 отсто од руската флота

„Ова последно уништување на морнарицата на Путин покажува дека грешат оние кои веруваат дека има пауза во војната во Украина! Тие не забележаа дека во последните четири месеци се уништени 20 отсто од руската Црноморска флота“, напиша Шапс на платформата X.

Со тоа, наведе тој, сега е доведена во прашање руската доминација во Црното Море, а новата Коалиција за поморски способности, предводена од Велика Британија и Норвешка, помага да се обезбеди победа на Украина на море.

Украинските медиуми претходно објавија дека рано утринава украинските воздухопловни сили со крстосувачки ракети го нападнало големиот десантен брод на руската црноморска флота „Новочеркаск“, кај Феодосија.

Јужните одбранбени сили на Украина на каналот Телеграм споделија фотографија од остатоците на рускиот амфибиски јуришен брод Новочеркаск.

„Мали оштетувања на големиот амфибиски јуришен брод Новочеркаск… Или, поточно, неговите помали остатоци“, се наведува во извештајот на украинското воздухопловство.

Најнови вести од Свет

To top