Свет напад како „прелиминарен одговор“ на нападот на американските сили

Хутите изведоа масовен напад со дронови и ракети на американски брод во Црвеното Море

Јеменските Хути нападнаа американски брод во Црвеното Море со голем број балистички и поморски ракети и беспилотни летала, за кои тврдат дека му даваат поддршка на Израел.

Хутите изведоа масовен напад со дронови и ракети на американски брод во Црвеното Море

Портпаролот на Хутите, Јахја Саре, на прес-конференција изјави дека нападот е „прелиминарен одговор“ на нападот на американските сили врз бродовите на Хутите во неделата, во кој загинаа 10 членови на организацијата.

-Поморските и ракетните сили на јеменските вооружени сили изведоа заедничка воена операција со голем број балистички и поморски ракети и беспилотни летала, насочени кон американски брод што му даваше поддршка на ционистичкиот ентитет, рече Саре.

Тој додаде дека јеменските вооружени сили ќе продолжат да спречуваат израелски бродови и бродови кои пловат кон пристаништата на „окупирана Палестина“ да се движат низ Арапското и Црвеното Море „додека не престане агресијата“.

Претходно беше објавено дека британски воен брод и американските сили кои оперираат во Црното Море собориле беспилотно летало лансирано од Хутите поддржани од Иран во Црвеното Море.

Најнови вести од Свет

To top