Него на функцијата амбасадор на САД во Албанија, Бајден го предложи во јануари минатата година а два месеца подоцна тој ги претстави своите приоритети пред Комисијата за надворешни односи на Сенатот. Во април, Комитетот гласаше за негово потврдување, но целосното гласање во Сенатот не се одржа.
Костеланчик има 30-годишна кариера. Во Албанија служеше уште порано во периодот 1992-1994 година, како прв претставник за политички и економски прашања во новоотворената американска амбасада во Тирана.
Моментно работи како советник за надворешна политика на началникот на Генералштабот на САД, генерал Марк Мили. Претходно бил заменик-шеф на мисијата и две години вршител на должност во амбасадата на САД во Будимпешта, Унгарија.
Бил директор на Канцеларијата за прашања на Јужна Централна Европа и директор на Канцеларијата за руски прашања во Бирото за европски и евроазиски прашања, како и директор на Канцеларијата за Европа и Азија во Меѓународното биро за наркотици и спроведување на законот. Двапати бил дел од американската амбасада во Москва а служел и во мисиите на САД во ОБСЕ и НАТО, како и во Анкара, Турција.
Дипломатот Костеланчик, по потекло од државата Илиноис, дипломирал на Универзитетот Нортвестерн во оваа држава. Тој, исто така, има две магистерски дипломи од Националниот воен колеџ и Универзитетот во Мичиген. Зборува руски, унгарски, албански и турски јазик.