Свет инцидент

Седум работници загинаа во рудник за јаглен во Иран

Во индустриски инциденти во Иран годишно умираат околу 700 луѓе.

Седум работници загинаа во рудник за јаглен во Иран

Седуммина работници загинаа како последица на истекување гас во рудник за јаглен во северен Иран, од кои тројца Авганистанци, јавија денеска локалните државни медиуми.

Претседателот Масуд Пезешкијан нареди истрага за инцидентот што се случи синоќа во близина на градот Дамган, на околу 270 километри северозападно од главниот град Техеран, пренесе агенцијата ИРНА.

Можна причина е занемарување на безбедносните прописи.

Во индустриски инциденти во Иран годишно умираат околу 700 луѓе.

To top