Свет

Се судрија германски автобус и автомобил во Австрија

Дваесет и четири лица се повредени, од кои најмалку двајца се во тешка состојба, во сообраќајна несреќа меѓу германски автобус и автомобил со германски регистарски ознаки во Австрија, јави ДПА.

Според информациите од полицијата во австриската провинција Тирол, 20 од вкупно 47 патници во автобусот се здобиле со полесни повреди. Во болница се пренесени тројцата патници од автомобилот, како и возачот на автобусот.

Автобусот, кој тргнал од баварскиот округ Швабија, се судрил со автомобил од Карлсруе во близина на местото Бихлбах. Во тек е истрага за причините за несреќата. На двете возила е причинета значителна материјална штета, а патот беше затворен за сообраќај одреден период.

To top