Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен денеска изјави дека се надева оти американскиот претседател Доналд Трамп ќе продолжи со своите планови за воведување санкции врз Русија што ќе помогнат во прекинувањето на конфликтот во Украина.
– Секако се надевам дека претседателот Трамп ќе продолжи со овие санкции, изјави Валтонен. „Она што можеме да го видиме – и да се сомневаме во моментов – е дека причината зошто Русија покажува одредена подготвеност повторно да преговара е тоа што зголемените испораки (за Украина) дефинитивно вршат притисок врз Русија да најде излез од војната, додаде таа.
Финска, скандинавските земји воопшто и балтичките републики се меѓу најцврстите поддржувачи на Украина од почетокот на војната.