Свет

САД се во состојба на зголемена готовност поради можни напади од Иран на Блискиот исток

САД се наоѓаат во состојба на зголемена готовност поради можен напад од Иран на израелски или американски објекти во регионот како одговор на нападот на Израел на иранската амбасада во Сирија, соопшти синоќа извор во Белата куќа.

САД се во состојба на зголемена готовност поради можни напади од Иран на Блискиот исток

-Точно е тоа дека се наоѓаме во состојба на зголемена готовност, изјави извор кој потврди претходно соопштение од Си-Ен-Ен дека нападот може да се случи во текот на идната недела.

Во бомбардирањето на иранската амбасада во Дамаск загина високопозициониран командант на силите „Кудс“ и неколку ирански воени советници.

Иран претходно соопшти дека си зема за право на „решителен одговор“ на бомбардирањето на Израел на иранската амбасада во Дамаск.

To top