Свет

САД најавија продолжување на нападите врз проиранските групи во Сирија и Ирак

САД најавија продолжување на нападите врз проиранските групи во Сирија и Ирак

САД ќе продолжат со нападите врз проиранските групи во Сирија и Ирак, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливен.

– Не е готово. Планираме дополнителни напади и дополнителни мерки за да продолжиме да испраќаме јасна порака дека САД ќе одговорат секогаш кога нивните сили ќе бидат нападнати, изјави Саливен за американската телевизиска мрежа Ен Би Си.

САД и Велика Британија во изминатите два дена бомбардираа и десетици цели во Јемен, како одговор на повторните напади на јеменските Хути врз бродовите во Црвеното Море и Аденскиот Залив. Воздушните напади врз Јемен се случија еден ден по серијата американски напади врз елитните ирански сили и проиранските милиции во Сирија и Ирак, извршени како одговор за смртта на тројца американски војници во Јордан на 28 јануари.

Саливен рече дека нападите имале за цел „да ги лишат овие проирански групи од способноста да продолжат да ги напаѓаат американските сили“.

Пентагон соопшти дека во нападите биле погодени вкупно 85 цели во Ирак и Сирија, вклучувајќи командни и разузнавачки центри и инфраструктура за складирање на беспилотни летала и ракети.

Прашан дали Вашингтон рагледува можност и за директен напад врз Иран, Саливен одговори дека нема да каже во медиумите „што е, а што не е на маса за разгледување“.

– Ако тие (Иранците) решат директно да одговорат на САД, ќе добијат брз и решителен одговор од нас, додаде Саливен

Теми на денот

To top