Свет Путин доминира во руската политика

Руската ЦИК ја одобри кандидатурата на Николај Харитонов од Комунистичката партија за претседателските избори во март

Руската Централна изборна комисија денеска ја одобри кандидатурата на Николај Харитонов од Комунистичката партија да му се спротивстави на актуелниот претседател Владимир Путин на изборите во март, јавија американските медиуми, кои потенцираат дека Путин е речиси извесно дека ќе победи на изборите.

Руската ЦИК ја одобри кандидатурата на Николај Харитонов од Комунистичката партија за претседателските избори во март

Харитонов, член на Долниот дом на рускиот Парламент, ќе се спротивстави на некои од внатрешно-политиките ставови на Путин, но не и на руската воена операција во Украина.

Иако кандидатот на Комунистичката партија вобичаено завршува второпласиран на сите досегашни избори, Харитонов не претставува значајна закана за Путин, коментираат американските медиуми и појаснуваат дека на изборите во 2004 година тој доби само 13,8 отсто од гласовите.

Путин доминира во руската политика откако првпат победи на претседателските избори во 2000 година.

Изборната комисија минатата недела ги одобри Леонид Слуцки од националистичката Либерално-демократска партија и Владислав Даванков од партијата Нови луѓе. Двете партии генерално ги поддржуваат законите во парламентот предложени од партијата на Путин, Единствена Русија.

Минатиот месец, на руски политичар кој повикува на мир во Украина, му беше одбиена регистрацијата. Комисијата одби да ја прифати и номинацијата на Екатерина Дунцова од група нејзини поддржувачи, наведувајќи грешки во документацијата, вклучително и правописни грешки. Врховниот суд потоа ја отфрли жалбата на Дунцова против одлуката на комисијата.

Путин се кандидира како независен кандидат, а неговиот изборен штаб, заедно со фракции на владејачката партија Единствена Русија и политичката коалиција наречена „Народен фронт“, собираат потписи за поддршка на неговата кандидатура. Според рускиот закон, независните кандидати мора да бидат номинирани од најмалку 500 поддржувачи, а, исто така, мора да соберат најмалку 300.000 потписи од најмалку 40 региони во земјата.

Најнови вести од Свет

To top