Свет

Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената

Русија поднесе нацрт-резолуција во ОН со која ги повикува сите земји да преземат итна акција за да го спречат распоредувањето оружје во вселената, една недела откако Москва стави вето на резолуцијата на САД и Јапонија за ставање крај на трката со вооружување во вселената.

Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената

Руската нацрт-резолуција оди подалеку од американско-јапонскиот предлог, повикувајќи не само на напори да се запре распоредувањето на оружје во вселената, туку и да се спречи „заканата или употребата на сила во вселената“.

Нацртот вели дека ова треба да вклучи распоредување оружје „од вселената против Земјата и од Земјата против објекти во вселената“.

To top