Свет војна

Расте бројот загинати меѓу израелските војници во инвазијата во јужен Либан

Израелските власти потврдија во четвртокот дека уште двајца израелски војници загинале во жестоки судири со борците на либанското шиитско движење Хезболах, во третиот ден од почетокот на израелската копнена офанзива во јужен Либан.

Расте бројот загинати меѓу израелските војници во инвазијата во јужен Либан

Израелските власти потврдија во четвртокот дека уште двајца израелски војници загинале во жестоки судири со борците на либанското шиитско движење Хезболах, во третиот ден од почетокот на израелската копнена офанзива во јужен Либан.

Израелската војска во соопштението во четвртокот соопшти дека двајца војници од комнадоските и извидничкиединици Егоз ​​и Голани загинале „од минофрлачки оган“, а седум други биле повредени во судирите со борците на Хезболах долж либанската граница со Израел.

Новите жртви се потврден ден откако израелската војска објави дека осум израелски војници биле убиени во текот на битките со Хезболах. Шестмина од нив се млади подофицери на командоската бригада Егоз. Во истиот судир тешко се ранети еден офицер и четворица војници од истата единици.

Последните жртви потврдени во четвртокот го искаќуваат вкупниот број на израелски војници загинати во копнената офанзива во јужен Либан започната од вторникот утрото на најмалку 10, но според неофицијални извори кои се потпираат на тврдења на Хезболах станува збор за 17 загинати израелски војници, бројка којашто ја негираат официјални извори на локалните медиуми, што се припишува на долгогодишната политиката да не се откриваат веднаш бројките на загинатите во борбите.

Судирите меѓу Израел и Хезболах ескалираа откако изараелските сили во воздушен напад минатата седмица го убија Саид Хасан Насрала, долгогодишниот водач на движењето Хезболах, во напад на јужен Бејрут користејќи бункер-разбивачки бомби испорачани од САД.

Тој напад се случи речиси една година по почетокот на војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Појасот Газа и почетокот на жестоките возушни и артилериски напади врз позициите на Хезболах во јужен Либан.

Либанскиот министер за здравство Фирас Абијад во четвртокот изјави дека 1.974 луѓе, меѓу кои 127 деца, биле убиени а уште други 9.340 биле ранети во израелските напади во текот на една година.

To top