Односите на Русија со европските земји се во криза, а тоа не е вина на Москва, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.
„Јасно е дека односите на Русија со европските земји се во криза, не по наша вина“, рече Путин на состанокот со постојаните членови на рускиот Совет за безбедност, пренесуваат руските медиуми.
Според него, Москва никогаш не одбила да ги обнови врските.
Путин додаде дека споменувањата за ситуацијата околу Украина се недоволни во контекст на влошување на односите со Западот.
Како што изјави, кризата започна по вина на претходната американска администрација и некои европски земји.
На состанокот, Путин го замоли шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, да го изнесе своето мислење пред членовите на Советот за безбедност за тоа како Русија треба да дејствува на европскиот пат, пренесоа руските медиуми.