Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот колега од Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан се едногласни дека треба да се стави крај на конфликтот меѓу Израел и Иран, пренесуваат агенциите, повикувајќи се на соопштението на Кремљ по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери.
„Имаше размена на мислења во контекст на наглото влошување на ситуацијата на Блискиот Исток. Двете страни изразија длабока загриженост поради континуираната ескалација на израелско-иранскиот конфликт, што доведува до најнегативни последици за целиот регион. Беше нагласена потребата од што е можно поскоро завршување на воените операции и активирање на политичко-дипломатските напори во интерес на решавање на спорните прашања поврзани со иранската нуклеарна програма“, соопшти Кремљ.
За време на разговорот, Путин и Ал Нахјан изразија задоволство од високото ниво на соработка меѓу нивните две страни во политичката, трговско-економската и хуманитарната сфера, соопшти прес-службата на рускиот претседател.