Свет Полицијата на терен испрати вооружени специјалци

Пукање во Австралија: Тројца мртви, едно лице рането – убиецот во бегство

Според полициското соопштение, итните служби биле повикани на адреса во градот по дојава за пукање. На местото на настанот биле затекнати три мртви лица – две жени и еден маж.

Пукање во Австралија: Тројца мртви, едно лице рането – убиецот во бегство

Три лица се убиени, а едно е рането во пукање што се случи во градот Лејк Карџелиго во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, соопшти полицијата.

Станува збор за град со приближно 1.500 жители, јави Еј-Би-Си Њуз.

Според полициското соопштение, итните служби биле повикани на адреса во градот по дојава за пукање. На местото на настанот биле затекнати три мртви лица – две жени и еден маж.

Уште еден маж е пренесен во болница во тешка, но стабилна состојба.

Напаѓачот и понатаму е во бегство, а полицијата на терен испрати вооружени специјалци. Полицијата ги повика граѓаните да ја избегнуваат таа област, а локалните жители да останат во своите домови.

Сиднеј Морнинг Хералд пишува дека се сомнева оти станува збор за напад поврзан со семејно насилство.

Друг медиум јавува дека напаѓачот избегал со возило кое е во сопственост на локалните власти. (МИА)

To top