Свет Од автомобил во движење

Пукање во Англија, има ранети

По инцидентот, присуството на полицијата во областа е зголемено.

Пукање во Англија, има ранети

Три жени се ранети во пукање од автомобил во движење во англискиот Вест Мидлендс, објави денеска Мирор.

Од полицијата изјавиле дека повикот го примиле синоќа околу 23 часот и кога пристигнале на местото на несреќата три жени биле однесени со повреди во болница.

Во меѓувреме, полицијата потврди дека две жени се пуштени од болница, додека третата останува хоспитализирана, но е во стабилна состојба.

По инцидентот, присуството на полицијата во областа е зголемено.

To top