Свет франција

Протест на француските земјоделци поради договорот на ЕУ со Јужна Америка

Француските земјоделци со 350 трактори поминаа низ улиците на Париз и пристигнаа пред Парламентот, протестирајќи поради ниските приходи и трговскиот договор на Европска Унија со Јужна Америка, кој, според нив, ќе ја загрози нивната егзистенција

Протест на француските земјоделци поради договорот на ЕУ со Јужна Америка

Француските земјоделци со 350 трактори поминаа низ улиците на Париз и пристигнаа пред  Парламентот, протестирајќи поради ниските приходи и трговскиот договор на Европска Унија со Јужна Америка, кој, според нив, ќе ја загрози нивната егзистенција.

Синдикатите на земјоделците бараат „конкретни и итни мерки“ за заштита на прехранбената безбедност на Франција.

Портпаролката Мод Брежон изјави дека Владата набрзо ќе изнесе новите мерки за помош на земјоделците.

Претседателот Емануел Макрон и неговата Влада се против трговскиот договор ЕУ – Меркосур, што треба да биде потпишан на 17 јануари во Парагвај. Договорот поддржан од поголемиот број земји-членки на ЕУ.

Европските земјоделци подолго време го критикуваат договорот со Бразил, Аргентина, Боливија, Парагвај и Уругвај, тврдејќи оти со тоа ќе се преплави пазарот со евтини увозни производи.

To top