Мнозинството унгарски граѓани веруваат дека само актуелниот премиер Виктор Орбан може да се спротивстави на притисокот од Брисел, покажува денеска објавената анкета на Сазадвег.
Таков став имале 51 процент од испитаниците, додека 21 процент од нив тоа го мислат за лидерот на опозициската партија Тиса, Петер Маѓар, објавува „Маџар Немзет“.
На прашањето кој побрзо би ги зголемил даноците врз населението доколку Брисел го побара тоа, 51 процент од испитаниците одговориле дека Маѓар би го сторил тоа, а 30 проценти од нив дека Орбан би го сторил тоа.