Свет Одбраната бараше ослободителна пресуда

Поради него загинаа 36 лица: Пироман осуден на смрт во Јапонија

Тоа се смета за еден од најголемите масакри во Јапонија.

Поради него загинаа 36 лица: Пироман осуден на смрт во Јапонија

Јапонскиот суд денеска го осуди на смрт 45-годишниот Шинџи Аоба, кој во 2019 година подметна пожар во студио за снимање анимирани филмови во Кјото, при што загинаа 36 лица.

Тоа се смета за еден од најголемите масакри во Јапонија.

Аоба во Окружниот суд во Кјото призна дека го подметнал пожарот во зградата на „Кјото анимејшн ко“ (Kyoto Animation Co.) на 18 јули 2019 година.

Во пожарот повредени се 32 луѓе.

Обвинителите бараа смртна казна за Аоба, додека одбраната тврдеше дека тој бил психички нестабилен во моментот на нападот и побара полесна казна или ослободителна пресуда. (МИА)

To top