Свет Анкета спроведена меѓу Палестинците

Поддршката за Хамас на Западниот Брег е тројно зголемена, 88 отсто сакаат Абас да поднесе оставка

Според резултатите, 57 отсто од анкетираните во Газа и 82 отсто од анкетираните на Западниот Брег веруваат дека Хамас бил во право кога го започнал својот напад на 7 октомври, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе во Израел, главно цивили, а над 240 беа земени како заложници.

Поддршката за Хамас на Западниот Брег е тројно зголемена, 88 отсто сакаат Абас да поднесе оставка

Анкета спроведена меѓу Палестинците, која е објавена денеска, покажува зголемување на поддршката за терористичката група Хамас, дури и во разурнатиот Појас Газа, и огромно отфрлање на претседателот на палестинската управа, поддржан од Западот, Махмуд Абас, при што 88 отсто од анкетираните рекле дека тој мора да поднесе оставка, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Според резултатите, 57 отсто од анкетираните во Газа и 82 отсто од анкетираните на Западниот Брег веруваат дека Хамас бил во право кога го започнал својот напад на 7 октомври, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе во Израел, главно цивили, а над 240 беа земени како заложници.

Големо мнозинство верува во тврдењата на Хамас дека дејствувал за да ја „одбрани“ џамијата Ал Акса во Ерусалим и да добие ослободување на палестинските затвореници. Само 10 отсто велат дека веруваат дека Хамас извршил воени злосторства, а големо мнозинство рекле дека не виделе видеа на кои се гледа како терористите вршат злосторства.

Од анкетираните, 88 отсто сакаат Абас да поднесе оставка, што е за 10 процентни поени повеќе од пред три месеци. На Западниот Брег, 92 отсто од анкетираните повикуваат на оставка на старецот, кој претседаваше со администрацијата која нашироко се смета за корумпирана, автократска и неефикасна.

Во исто време, 44 отсто од анкетираните на Западниот Брег велат дека го поддржуваат Хамас, што е повеќе од само 12 отсто во септември. Во Газа, терористичката група ужива 42 отсто поддршка, споредено со 38 отсто пред три месеци.

Поддршката за Палестинската администрација дополнително се намали, при што скоро 60 отсто сега велат дека треба да се распушти.

Истражувањето е спроведено меѓу 1.231 лице на Западниот Брег и Газа од 22 ноември до 2 декември, со маргина на грешка од четири процентни поени.

To top