Македонија Ден на македонскиот јазик

Трибина „Состојбите во современиот македонски јазик: Македонскиот јазик во наставата“

На трибината што ќе се одржи во Големиот амфитеатар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ за воведничари се најавени Искра Пановска-Димкова и Гордана Алексова.

Трибина „Состојбите во современиот македонски јазик: Македонскиот јазик во наставата“

Состојбите во современиот македонски јазик: Македонскиот јазик во наставата“  е насловена трибината што по повод одбележувањето на 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, денеска ја организира Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На трибината што ќе се одржи во Големиот амфитеатар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ за воведничари се најавени Искра Пановска-Димкова и Гордана Алексова, додека за излагачи Славица Велева ‒ Филолошки факултет „Блаже Конески“, Оливера Тодороска ‒ Биро за развој на образованието, Марина Димитриева-Ѓорѓиевска ‒ Биро за развој на образованието, Ивана Лазаревска ‒ СУГС „Орце Николов“, Маријана Ѓоргиева-Ристевска ‒ СУГС „Орце Николов“, Назлие Мифтари Мемети ‒ ООУ „Лирија“ и Ивана Главичиќ-Цилкова ‒ ООУ „Петар Здравковски-Пенко“.

Најнови вести од Македонија

To top