Свет во 2023 во лос анџелес имало 75.500 бездомници

Почнува пописот на бездомните лица во Лос Анџелес

Градот Лос Анџелес започна годишен попис на бездомните лица за да се утврди колку луѓе се бездомници и каква помош им е најпотребна.

Почнува пописот на бездомните лица во Лос Анџелес

Овогодинешниот тридневен попис доаѓа во време на засилено јавно незадоволство поради неуспехот на локалните власти да ги решат проблемите на луѓето кои живеат на улица – во автомобили, шатори и картонски засолништа.

Пописот од 2023 година покажа дека округот Лос Анџелес има 75.500 бездомници, што е девет отсто повеќе од претходната година.

Од 2015 година, бројот на бездомници е зголемен за 70 отсто во областа и за дури 80 отсто во самиот град.

Околу 46.200 од нив живеат на територијата на самиот град Лос Анџелес, каде што расте незадоволството на граѓаните поради зголемениот број „шаторски населби“ на тротоарите, парковите и другите јавни површини.

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, минатиот месец соопшти дека повеќе од 21.000 луѓе кои живеат на улица ќе бидат сместени во хотели и други засолништа.

Резултатите од овој попис, како што е најавено, ќе бидат објавени кон крајот на пролетта или почетокот на летото.

To top