Свет

ОН ги повикаа талибанците во Авганистан да ги прифатат глобалните обврски за човековите права

Мисијата на Обединети нации во Авганистан денеска ги повика талибанските власти да ги прифатат глобалните обврски за човековите права поради заштита и просперитет на идните генерации.

Апелот уследи откако лидерот на талибанците Хибатула Ахунџада наредил суспензија на медицинското образование и обуки за жени и девојчиња.

– За жал, продолжуваме да гледаме како човековите права се потиснати во Авганистан. Постои постојана, опасна ерозија на заштитата на човековите права, при што жените и девојките го носат најголемиот товар, истакна шефицата на мисијата на ОН во Авганистан, Роза Отунбаева.

Талибанците систематски ги дискриминираат жените, кои, според мисијата, се исклучени од повеќето области на секојдневниот и јавниот живот, вклучително и образованието и работата.

– Ако на Авганистанците, особено на жените и девојчињата, продолжат да им се ускратуваат нивните права, ова е јасен и намерен неуспех, посочи претставничката на Високиот комесаријат на ОН за човекови права, Фиона Фрејзер.

Талибанците рутински ги отфрлаат критиките за нивната политика, оценувајќи ги како мешање во внатрешната политика и „неконзистентно претставување на реалноста на теренот“.

– Ние ја имаме нашата религија, ги имаме нашите верувања, ја имаме нашата култура. Можеме да ги дефинираме нашите права и да ги признаеме нашите обврски во почитувањето на овие права, изјави главниот портпарол на талибанците, Забихулах Муџахид.

To top