Свет

Оман: На индиректните преговори меѓу Иран и САД во Женева постигнат опиплив напредок

Министерството за надворешни работи на Оман денеска соопшти дека на последната рунда индиректни разговори меѓу делегациите на Иран и САД во Женева е постигнат опиплив напредок и оти е отворен пат за идни дискусии.

Оман: На индиректните преговори меѓу Иран и САД во Женева постигнат опиплив напредок

Министерството за надворешни работи на Оман денеска соопшти дека на последната рунда индиректни разговори меѓу делегациите на Иран и САД во Женева е постигнат опиплив напредок и оти е отворен пат за идни дискусии.

Во соопштението се наведува дека министерот за надворешни работи на Оман, Бадр бин Хамад ал-Бусаиди, се состанал со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и советникот на Белата куќа Џаред Кушнер, како и дека разговорите се фокусирале на идентификување на заедничките цели и решавање на техничките прашања, пренесува иранската телевизија „Прес ТВ“. Како што е оценето, сите состаноци поминале во конструктивна атмосфера.

„Состаноците ни овозможија заедно да работиме на воспоставување на водечките принципи за конечен договор“, се вели во соопштението на министерството, при што се додава дека генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, имал значајна улога во олеснувањето на дискусиите.

Оман соопшти дека, иако е постигнат напредок, претстои уште значителна работа. Втората рунда индиректни преговори за нуклеарната програма на Иран, меѓу претставници на Иран и САД, се одржа денеска во генералниот конзулат на Оман во Женева, Швајцарија, и заврши по три часа, а иранската делегација ја предводеше министерот за надворешни работи Абас Арагчи.

Преговорите се одвиваат во услови на засилени регионални тензии, а американскиот претседател Доналд Трамп нареди дополнително воено распоредување во регионот, вклучувајќи и носач на авиони со илјадници војници, воени авиони и разорувачи со наведувани ракети.

Техеран соопшти дека одлучно ќе одговори на секој напад.

To top