Свет внимателно се следи ситуацијата

Од 24 февруари ќе бидат обновени летовите од Белгија за Израел

Се прецизира дека во декември минатата година безбедносните служби на германската авиокомпанија „Луфтханза“, во која е и белгискиот национален авиопревозник, дале позитивна оценка за обновувањето на летовите до Тел Авив, доколку се преземат дополнителни мерки.

Од 24 февруари ќе бидат обновени летовите од Белгија за Израел

Белгискиот национален авиопревозник „Браселс Ерлајнс“ соопшти дека од 24 февруари ќе ги обнови летовите за Тел Авив, укинати по настаните од 7 октомври минатата година. Одлуката е донесена по темелно разгледување и предвидува дополнителни безбедносни мерки, се наведува во соопштението.

До крајот на април ќе има три лета неделно, по што ќе се процени дали се неопходни промени во распоредот.

Компанијата додава дека продолжува внимателно да ја следи ситуацијата и ќе прави промени по потреба.

To top